За кого апсењето на Јанева е само фарса?
Објавено во: Македонија 21 Август, 2019
Дека ова е неселективна правда е приказна за мали деца и фарса, реагира Богдан Илиевски кој беше дел од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, откако е приведена специјалната обвинителка Катица Јанева.
„На 8 милиони планиран рекет во кој она е клучна ја сомничат за 5000 евра! награда (и тоа во мебел) што носи казна до 5 години, бидејќи е обвинител, неосудувана.
Ќе добие 1-1,5 години. Втора инстанца ќе и ја укине или промени во условна. Во меѓувреме ќе и одземат пасош и ќе и го накршат. Ова ќе застане тука, без Фрикишики, а на контра за баланс во вселената ќе приберат 10+ од спротивен табор за накриво гледање и погрешно мислење. Така да, точно е единствено дека СЈО замина засекогаш, реално. А дека ова е неселективна правда е приказна за мали деца и, да повториме, ФАРСА. Но, ко и секоја фарса, ќе заврши“, вели Илиевски.
Од обвинителството кажаа дека Јанева земала мал дел од 8-те милиони евра.