20 Декември, 2025
0.1907

За квалитетна едукација, потребно е да се користат компјутерите во училиштата

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2013 17:44

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на Интел Џон Дејвис изјави дека Македонија е лидер во регионот за имплементација на нови технологии во правец на подобрување на образованието, но, има уште да се работи во делот на едукаторите (наставници, професори) за директно да се подобри квалитетот на образованието што би требало да резултира со генерирање на економски раст. Во Варшава, градот на 250 000 студенти неодамна се одржа Intel Educational Summit – поглед во иднината на образованието. Овој годишен настан на едно место собра различни профили на говорници кои дискутираа на тема образование и претприемништво со цел да се идентификува најдобрата практика во образованието на младите луѓе и вештините потребни за да се изгради работна сила која е подготвена за иднината. Експертите велат дека во следните десет години секој човек ќе поседува најмалку три уреди со пристап до интернет. Повеќето од овие уреди ќе се користат токму во образованието. Освен дискусиите и презентациите, беа организирани и демонстрации каде беа претставени технологии за во училница. Па така беше демонстрирана и неодамна претставената плоча Галилео како алатка за брза самоградба на едноставни и интерактивни прототипи, како на пример индикатори со LED светилки за одговори на социјалните медиуми, но и како алатка за справување со посложени проекти, како автоматизација на домашните уреди илии самоградва на роботи контролирани со паметен телефон. Една анкета спроведена минатиот месец од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD ) откри дека 20 % од работоспособното ЕУ население има ниска писменост и математички вештини, додека 25 % не поседуваат дигитални вештини потребни за ефикасно да се служат со сегашните информатички и комуникациски технологии. Настанот собра над двесте професионалци од целиот регион на Европа, Средниот Исток и Азија, вклучувајќи и професори, наставници, консултанти, министрити за образование и креатори на политиката и конечно, но не и најмалку важно индустристриски партнери кои активно учествуваа во дискусијата. Овој сплет од експрертски искуства обезбеди фасцинантен увид во широк спектар на теми, почнувајќи од практичните и интерактивни методи на учење со помош на технологија, па сè до педагогијата, политиката и моменталните трендови. Во Македонија, клучен проблем за професорот е внесувањето на оцени во електронскиот дневник. Во светот, развиен е систем за професорот во текот на целиот час да ги следи своите ученици преку нивните компјутери. "Професорот може да ги следи компјутерите на своите ученици директно на голем екран пред себе за време на часот – да блокира, сподели или само да ја набљудува меѓусебната интеракција на учениците." – изјави Хуан Пабло Фереро (Juan Pablo Ferrero), Manager Intel Educational System. Овој систем е дело на водечката компанија во ИТ светот – Интел, а веќе на големо се користи во развиените земји. Учениците во Германија, САД, Британија и уште многу земји во Европа не можат да ги замислат часовите без вклучен компјутер пред себе. За водечките луѓе во Интел така и треба да изгледа образованието во 21-виот век. "Фокусирање на способностите на 21-виот век – решавање на проблеми, критичко размислување, итн., способности потребни за да се створат нови бизниси" – изјави Шели Еск (Shelly Esque) – Vice President Corporate Affairs President, Intel Foundation. "Пакетот – студентски софтвер, вклучува сè што е потребно за креирање на способностите на 21-виот век – комуникација, колаборација, креативност, критичко размислување и дигитална писменост" – додаде Хуан Пабло Фереро.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии