29 Април, 2024
0.1585

За љубителите на огнометот: Најубавите места на светот на гледање на огнометен спектакл!

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

За сите љубители на огнометот денеска ги откриваме најубавите места на светот за гледање на овој огнометен спектакл.

Дизниленд, Калифорнија

Ако спаѓате во онаа група на возрасни луѓе кои уште не го посетиле Дизниленд, такво задоволство мора да се дозволите, независно од тоа колку години имате. Во прашање е едно од најубавите места на светот за гледање огномети, бидејќи претставува вистинска палета од бои која се разлева над принцезниот дворец.

Хотел „Блу“, Сиднеј

Сиднеј е место кое морате да го посетите во новогодишната ноќ, токму поради величенствениот огномет кој се исфрла од мостот Харбур. Едно од местата од кои овој величенствен огномет изгледа уште поспектакуларно е хотелот „Блу“, во кој може да уживате во чаша феноменално австралиско вино, со што вашето задоволство за огномет ќе биде целосно.

Хотел “Mandarin Oriental”, Њујорк

Ако го посетите Њујорк во време на Денот на благодарноста, ќе уживате во феноменалниот огномет кој тој ден сјае над оваа метропола, додека доживувањето може да биде комплетно ако во огнометот уживате од собата на хотелот “Mandarin Oriental”, која се наоѓа на 54 кат, а од која се гледа величенствениот поглед на реката Хедсон.

“One & Only The Palm”, Дубаи

Дубаи сам по себе е величенствена дестинација, па затоа и не не чуди што во него се наоѓа едно од најубавите места на светот за гледање на огномет. Во прашање е хотелот “One & Only The Palm”, од кој може да уживате во величенствениот новогодишен огномет.

“Waldorf Astoria”, Единбург

 Во феноменалниот огномет во Единбург можете да уживате два пати годишно, во текот на двата големи фестивали кои се одржуваат во овој преубав град, кога единбуршкиот дворец е осветлен со сите негови бои. Едно од местата од кој се нуди најубав поглед е хотелот “Waldorf Astoria”, кој е сместен преку патот на овој дворец.

“Belmond Copacabana Palace”, Рио де Женеиро

Хотелот  “Belmond Copacabana Palace”  е едно од местата на кои се прават најубавите журки во Бразил, кои на крајот од вечерта секогаш ги потполни величенствен огномет кој со својата разноликост ги бои белите комбинации, кои му се задолжителен дел од  dress code.

“La Belle Etoile at Le Meurice”, Париз

14 јули е ден кога Французите го прославуваат падот на Бастилија, а тоа воедно е и ден кога ширум Париз можете да го видите импозантниот огномет. Едно од најубавите места, кое е посебно по тоа што од него се пружа неверојатен поглед на Париз, е  “La Belle Etoile at Le Meurice”, во кој сигурно ќе уживате.

 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти