13 Декември, 2018
0.2673
    ALK 8292.3    -0.08%     BGOR 285    -10.94%     KMB 5082.64    -1.22%     MPT 47500    0%     SBT 1804    -2.49%     STB 1289.79    -0.02%     STBP 1260    -10%     TEL 300    0.46%     TNB 14200    0.21%     USJE 23500    1.95%

За логичностите и слабостите на Законот за јазиците

Објавено во: Колумни 05 Март, 2018

Kако што во сите нормални закони, базичната определба се дефинира во првите членови, така и кај Законот за употреба на јазиците, од суштинска важност е членот 1, каде во ставот 1 се предвидува дека: „На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.“

И продолжува - „Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик...“

Тоа значи дека АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК е исто така службен јазик АМА согласно ОВОЈ ЗАКОН.

Со овој закон (член 1) АЛБАНСКИОТ се конкретизира како СЛУЖБЕН (за разлика од претходните законски решенија), иако во понатамошниот текст повторно непотребно се пакува во ОБЛАНДАТА на „јазикот кој го зборуваат најмалку 20%...“

ЗНАЧАЈНО е дека основата на овој Закон лежи во Уставот, но сепак неговиот главен корен е ОРД (Охридскиот рамковен договор).

СЛУЖБЕНОСТА на албанскиот јазик се доуредува/конкретизира во член 2 став 3 при што се определува ВО КОИ СЛУЧАИ АЛБАНСКИОТ Е СЛУЖБЕН ЈАЗИК.

Значи, НЕ Е АПОСОЛУТНО СЛУЖБЕН ВО СЕКОЈА СМИСЛА.

СЛУЖБЕН Е, ама не АПСОЛУТНО (како македонскиот) и НИТУ РЕЛАТИВНО ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ (не е државен, не е меѓународно релевантен).

Стенограмите (согласно член 4 и 5) ќе се чуваат двојазично. Тоа по мое мислење е НЕПОТРЕБНО односно сосема логично и целисходно би било да кога ИЗВОРНИОТ ГОВОРИТЕЛ изјавата или што и да е ја дал на друг јазик а не на македонски, таа негова изјава да биде чувана во оригинал (стенограмски), а другата дискусија која е водена на македонски единствено на македонски (тоа е оригинал, изворно и доволно јасно.)

ПОЈДОВНА ОСНОВА МОРА ДА БИДЕ ТОА ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МОРА ДА ГО ЗБОРУВААТ СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ТОА Е НЕОДМИНЛИВО.

И ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД.

Членот 7 ги регулира НАЗИВИТЕ и истиот е доволно јасен, при што му дава симболична предност на македонскиот јазик со тоа што „ќе биде напишан ПРВ“.

Она што е најдискутабилно е членот 8. Истиот ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ/УШТЕ Е предмет на преоценка и од Венецијанската комисија, при што личен став е дека она што претставува МЕЃУНАРОДНО ЗНАЧАЈНО (како ПОШТЕНСКИТЕ МАРКИ, ФАКТУРИТЕ, БАНДЕРОЛИТЕ, УНИФОРМИТЕ) не треба да бидат двојазични.

СЕ што е меѓународно релевантно односно ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА треба и мора да бидат ЕДИНСТВЕНО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

Определувањето во член 9, став 5 дека „Необезбедувањето на превод на сите потребни документи... односно необезбедувањето на симултан превод за време на целиот тек на постапката претставува суштинска повреда на постапката“ е несоодветно во смисла дека НЕ МУ Е ОВДЕ МЕСТОТО. Ова треба да биде инкорпорирано во Законот за парнична постапка и останатите релевантни закони кои ја уредуваат предметната област.

Проширувањето на двојазичноста од единствено законите на сите законски, подзаконски и други акти е ВО РЕД, ТРАНСПАРЕНТНО и ПРИФАТЛИВО.

Агенција за примена на јазикот е НОВ предлог, интересна идеја, но треба особено внимателно да се пристапи во практицирањето.

Во Агенцијата не треба да се вработат ФИЛОЛОЗИ ПО АЛБАНСКИ ЈАЗИК, ТУКУ ФИЛОЛОЗИ. (ЧЛЕН 18, СТАВ 3)

Ќе завршам со членот 6, ставот 3 кој предвидува дека „Избрано или именувано лице кое зборува јазик различен од македонскиот...., ЛИЧНОТО ИМЕ ВО ОДЛУКИТЕ И ДРУГИТЕ АКТИ... ГО ПИШУВА НА СВОЈОТ ЈАЗИК И ПИСМО.“

Истото е нелогично, несфатливо, непотребно и апсурдно. Во верзијата на другиот јазик (кој не е македонски) нека си стои изворното име на раководното лице. Меѓутоа, во македонската верзија, на македонски јазик да има само потпис на друг јазик е ЈАЗИЧНО НЕИСПРАВНО, НЕДОЗВОЛИВО, НЕПРИФАТЛИВО, НЕПОТРЕБНО, АПСУРДНО И НЕЛОГИЧНО.

Овој дел мораше да изостане односно да претрпи промена.

Главната поента е: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК како СЛУЖБЕН ЈАЗИК е единствен службен во меѓународните односи на РМ. Односно дека меѓународно релевантен јазик на Република Македонија е МАКЕДОНСКИОТ јазик, единствено.

Овде може да мастурбираат националистите колку сакаат. ОК е.

Е сега: Јас ова го нарекувам ДРЖАВЕН јазик. Не службен.

Службен е и албанскиот, согласно Закон.

Македонскиот јазик е ДРЖАВЕН.

Златко Кујунџиски

Можеби ќе ве интересира

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

Плоштад Слобода

Плоштад Слобода

Американците испратија ултиматум до Русија, таа пак како да не го забележува

Американците испратија ултиматум до Русија, таа пак како да не го забележува