18 Јуни, 2024
0.0295

За Милчин Меѓународен сојуз е Сојуз на лажните светци

Објавено во: Македонија 11 Август, 2019

Добивај вести на Viber

За професорот Владимир Милчин, Меѓународен сојуз на Боки 13 кој е во притвор за случајот „Рекет“ е Сојуз на лажните светци. 

Прашува кој со кого се здружил во тој сојуз. 

„Ја гледав на јутјуб снимката од тричасовната конститутивна седница и видов и слушнав мнозина домашни, но странци ниту видов ниту слушнав. Ни во органите на управување нема странци. И веб-страницата на т.н. меѓународен сојуз е само на македонски јазик. 
На страницата читам: Асоцијација за заштита на цивилно општество и социјално загрозени категории, а под тоа: Меѓународен сојуз – Скопје. Малку потаму читам: Меѓународен сојуз – Скопје е граѓанска асоцијација за заштита на цивилно општество и социјално загрозени категории. Кутрото цивилно општество! Кој ќе го заштити македонското цивилно општество од компромитацијата предизвикана со аферата „Рекет“, во која во една од главните улоги се јавува претседателот на Сојузот Бојан Јовановски познат како Боки 13, бонвиван, љубител на скапи брендови, миленик на неколку политичари од врвот и, така вели тој, сопственик на една телевизија. Чудо од детета со круна на главата!  На веб-страницата не најдов многу податоци за активностите, но затоа видов многу фотографии на Боки 13. Кога ја отворив секцијата Проекти, налетав само на реченицата: „Во обработка“. По повеќе од ДВЕ години од основањето! Имено, актот за основање е од 31 мај 2017 година“, пишува Милчин на Фејсбук. 

Прашува во која банка во оваа држава приватно лице може да подигне кеш во износ од 720.000 евра на име на авторски хонорар. Тој ги споменува сите нелогичности околу функционирањето на оваа организација. 

„Дали и СЈО, на чело со Катица Јанева, наместо да донесе правда, се претворил во таков параван, ќе видиме набргу. Она што е јасно е дека одговорноста паѓа врз Заев, неговата влада и администрација. Зошто? Зашто скандалот пукна кога тие ја имаат власта. Зашто Заев е и премиер и претседател на најголемата партија во владејачката коалиција. Заев е должен да се соочи со проблемот и да го расчисти. Ако, поради кои било причини, не може да го направи тоа, треба да си даде оставка“, пишува Милчин. 

Вели дека доколку моќните ѕверки во политиката и бизнисот ја договорат највалканата зделка во постјугословенска Македонија, дефинитивно ќе ја убијат надежта и на оние кои не можат или не сакаат да се иселат во земјите на „проклетиот Запад“.

Можеби ќе ве интересира

„СДСМ ИЗБОРИ ДОБИВА СО ДУША И СРЦЕ И НИЕ ТОА ГО ИЗГУБИВМЕ“: Деспотовски погоди „во нерв“ за партиските проблеми

„СДСМ ИЗБОРИ ДОБИВА СО ДУША И СРЦЕ И НИЕ ТОА ГО ИЗГУБИВМЕ“: Деспотовски погоди „во нерв“ за партиските проблеми

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВО: синоптичарите предупредуваат за опасност од високи температури

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ПОРТОКАЛОВО: синоптичарите предупредуваат за опасност од високи температури

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји

Зошто нема реакција од СДСМ за кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто нема реакција од СДСМ за кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ?

„УБИСТВО СО УМИСЛА ИЛИ САМООДБРАНА“: бурни реакции по трагедијата во Кратово, сведоци тврдат оти жената со години била малтретирана

„УБИСТВО СО УМИСЛА ИЛИ САМООДБРАНА“: бурни реакции по трагедијата во Кратово, сведоци тврдат оти жената со години била малтретирана

БЕШЕ ИКОНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА И ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА - на 89 години почина Стојан Андов

БЕШЕ ИКОНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА И ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА - на 89 години почина Стојан Андов

Општина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани

Општина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани

„Новата Влада да изврши анализа и ревизија на целиот процес“: Левица за неостварената инвестиција во Тетово

„Новата Влада да изврши анализа и ревизија на целиот процес“: Левица за неостварената инвестиција во Тетово

Познат идентитетот на загинатите од Галичица: Двајца родители од Ресен

Познат идентитетот на загинатите од Галичица: Двајца родители од Ресен