За новиот Ајфон ќе се чека 15 дена пред продавница!
Објавено во: Стил
04 Септември, 2014 13:49
Добивај вести на Viber
Новиот Ајфон 6 треба да биде претставен на 9-ти септември, а во продажба да биде пуштен на 15 септември, но уште денеска пред продавниците на Епл можат да се забележат долги редици заинтересирани купувачи кои сакаат да бидат првите што ќе го имаат најновиот модел на овој „паметен“ телефон.
Колона се формира пред најпознатата продавница на Епл во 5-тата Авенија во Њујорк, а за да го купат телефонот купувачите ќе мора буквално да спијат таму во следните денови.
Минатата година имаше група на луѓе кои што го чекаа iPhone 5s и iPhone 5c дури 18 дена.
За оние кои немаат толку време да чекаат за омилениот телефон, во САД се појавија итри граѓани кои ваквиот интерес го користат за брза заработка и за одреден надомест го продаваат своето место во долгите редици пред продавниците.
Притоа, првите места во редиците за чекање можат да достигнат цена и од неколку илјади долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: