За пола месец стануваме Северна Македонија
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2019
Нашата земја ќе стане Република Северна Македонија за околу две недели. За толкав временски период според процедурата треба да стапи на сила Договорот од Преспа.
Парламентот во Грција вчера со 153 гласа „за“ го ратификуваше овој Договор, со кој се става крај на 27-годишниот спор за името помеѓу двете земји. Претходно, македонското Собрание со 81 глас „за“ ги усвои четирите уставни амандмани предвидени со Договорот од Преспа и потоа со ист број гласови донесе одлука за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 со што тие стануваат дел од Уставот. Со ова, името на земјава е Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.