19 Мај, 2024
0.0262

ЕДЕН ВИРУС, МНОГУ ПРАШАЊА, МАЛКУ ОДГОВОРИ

ЗА ПОСИЛНА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА ВО ПОСТКОВИД 19 ПЕРИОДОТ

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

МОЖНА ЛИ Е ПРОМЕНА НА НАШИОТ МЕНТАЛИТЕТ КАКО ОСНОВНА ПРЕЧКА НА НАШЕТО ПОНАТАМОШНО ЖИВЕЕЊЕ

Кога лекарот не може да постави дијагноза констатира дека проблемот е од стрес. А има ли таков денес, што не живее под стрес. Истото се случува, кога не можеме да најдеме одговор на нашите проблеми, ние констатираме дека проблем е менталитетот. И така во недоглед. Денес ќе дадам два примера како може да се промени менталитетот ако тоа се сака.

Прво, денеска во фабриката „Брако“ во Велес, наша реномирана членка, ќе биде промовиран материјалот „Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“.Тоа значи дека и покрај тековните тешки кризи, се мисли и на иднината. Илјадници компетентни луѓе од бизнисот и економијата создадоа документ, кој за првпат покрај реаланите оценки за моменталната состојба, предлагаат решенија и за период кој реално треба да се случи во вториот и третиот квартал наредната година. За тоа оценка ќе дадете сите Вие. Нели е тоа подруг менталитет од оној, досегашниот, кој зборуваше само за тековните состојби. 

Второ, она што моментално се случува на политички план, а има одраз и врз економијата, тоа е нашиот пат кон Европската Унија. Со оглед на актуелните случувања, има ли тој пат своја алтернатива. Многумина, таа алтернатива ја бараат на погрешно место. Ние јасно истакнуваме дека алтернативата е да продолжиме по тој пат без разлика на политичките блокади кои трајат веќе 30 години. Тоа значи прифаќање на стандардите на Европската Унија одма, веднаш и сега, затоа што тие не се таргети само за приклучување во Европската Унија, туку за самите нас. Поедноставно кажано, одма концепирање на Акционен план и безусловно застанување зад него на сите чинители во државата од позиција до опзиција, од наука до уметност, од локална самоуправа до невладин сектор, од медиуми до институции и поединци. Тоа е пораката од бизнис секторот, кој ќе се стави рамо до рамо со сите нив, и со тоа ќе го промени менталитетот заснован на чекање, молење и констатирање дека нема правда и дека сè е свртено против нас. Во народов, тоа е познато како Калимеро менталитет. 

ПС. Еве овие два примера се патоказ како можеме да го промениме менталитетот и да излеземе од волшебниот круг кој не води никаде. Ние, како најголема и најбројна бизнис заедница, користејќи ги искуствата на балканските комори, чии земји се веќе членки на Европската Унија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија и Романија, работиме на тој план и следната моја порака ќе биде со конкретни примери и докажување на предходно реченото.

Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија



Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа