30 Април, 2024
0.0475

За што разговарале Заев и Коѕиас во Њујорк?

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

За спорот со името, премиерот Зоран Заев вели дека нема да навлегува во тоа, што шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас ги брифирал грчките новинари, само додаде дека со него разговарале дека двете земји се настроени пријателски.

„Во моментов двете држави ги градат мерките на доверба кои можат да бидат од помош кога ќе дојде моментот да се разговара. Не се разговара за суштински прашања, сега не сум подготвен да разговарам за прашања поврзани со идентитетот. Грција ја посетиле еден милион наши државјани, навистина е вредно да се дадат напори за Македонија да исчекори кон евроатлантските интеграции“ – додаде Заев.

Во однос на промената на името на аеродромот „Александар Велики“ Заев вели дека „коментарите се отидени предалеку“ и дека во овој момент, нема да се дозволат провокации од македонска страна.

„Треба да бидеме подготвени за решавање на проблемот, бидејќи значи автоматска покана за членство во НАТО и почеток на преговорите со Европска Унија“ – рече Заев.

Тој информираше дека идната пролет ЕУ ќе дискутира за давање на шанси на земјите од Западен Балкан, да ги почнат преговорите.

За посетата на Њујорк рече дека евроатлантските интеграции биле во фокусот на сите 30 средби кои ги остварил со светски и лидери на делегации, високи претставници на меѓународни организации, бизнисмени и претставници на дијаспората.

Заев најави вклучување на дијаспората во подобрување на животот во државата со финансиска поддршка и човечки ресурси.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија