09 Октомври, 2024
0.0272

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ: Основци направија изум кој ќе го спаси светот

Објавено во: Стил 13 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Oсновци пронашле начин на кој може да се рециклира стиропорот, за чие разградување се потребни цели 500 години. 

При тоа производот кој се добива од тој процес се користи за прочистување на водата.

Секојдневно сме опкружени со многу предмети од стиропор кои ни служат само за еднократка употреба, рекол едно од децата. 

„Тоа најдобро го гледаме по чашите, пакетите за пакување на храна или кога купуваме домашни апарати“ - вели тој. 

Рециклирањето на стиропорот е многу скап и потенцијално контаминиран процес, па поради тоа постои многу мала пазарна потрошувачка за тоа. Сепак, изумот на овие деца тоа може да го промени.

„Мојот тим изнесе хипотеза дека би можеле да користиме јаглерод кој веќе се наоѓа во стиропорот, за да создадеме активен јаглен, кој денес се користи во речиси секој филтер за вода”, навел еден од учениците.

Активниот јаглен кристи многу мали микропори за филтрирање на вода, па дури и на воздух.

Само Американците трошат 25 милијарди чаши од стиропор во текот на годината, од кои 25 проценти се фрлаат на депониите.

Нивниот проект добил многу награди, меѓу кои и признание од Американската морнарица.