06 Декември, 2025
0.0287

За слободата и слободарскиот дух

Објавено во: Колумни 23 Мај, 2015 09:24

Добивај вести на Viber

Орелски криља как да си метнам и в наши страни да си прелетнам, на наши места јас да си идам, да видам Охрид, Струга да видам...стихови ненатпеани, безвременски, исконски од великанот Миладинов. И кога и да си ги споменувам или рецитирам овие стихови, везден ме опсипува истото чувство и веднаш морници ме лазат. А не еднаш,не два пати, неброено си ги воспевам овие стихови, а чувството е незаменливо, и морниците се неоделив дел од мигот на рецитирањето. Мошне силен наплив на емоции се исполува од мене, а во одредени мигови дури и некоја солза знае да прокапе од очите. Прашањето едно и единствено, безброј пати повторено и постојано идентично одговорено-што е тоа силно, вознесно, возљубено, емотивно што ме поткрева и што ме тера и да заплачам ко дете, да прекријам раце и превијам лик, секогаш кога овие стихови ќе ми дојдат наизуст? Можеби непоимливо и за многумина необјасниво, но за мене мошне едноставно и симплифицирано-чувството на заробеност и желбата за слобода. Слободата е збор кој го говориме, некогаш толку со голема леснотија, а некогаш со кнедла во грлото Слободата, велат многумина, споредувајќи ја и со здравјето, не ја цениш доволно, се дури не ја загубиш, а потоа таа за тебе станува безценета, волшебна, насушна и требна, како капката роса на свенатиот цвет и топлиот сончев зрак на замрзнатото гранче. Слободата е збор кој го говориме, некогаш толку со голема леснотија, а некогаш со кнедла во грлото. Во првиот случај кога ја имаме во изобилие и во нејзина чест пишуваме поезија и проза, ја воспеваме, и се радуваме и ја славиме, а во вториот, во мигови на страв и беспаќе, во мигови на терор и режим, во мигови на ограниченост и опколеност, во мигови на загушеност...и тогаш ја бараме, таа ни е насушна, таа ни е оној здив кој ни е доволен да ја отвориме силно плуќата и да продишеме и гласно, гласно да воскликнеме - о колку е убава слободата. Слободата значи живост За слободата пишувале, твореле, говореле, дејци, познати и признати, за слободата гинеле вистински родољуби и патриоти, луѓе кои ги водела една мисла и размисла-за подобро утре на идните генерации и сопствениот живот нема цена кога е слободата во прашање. А колку малку ни е потребна слободата, дури и ограничена, за да бидеме среќни, за да споделиме радости и убости, за да почувсвуваме дека сме овде и сега, ние и имаме можност и право да го кажеме тоа што го чувствуваме. Слободата значи живост, слободата значи радост, таа значи можност да бидеш буден и да сонуваш со отворени очи. Слободата те прави полетен и те крева на крилјата на среќата, таа е онаа исконска сила која те води низ шумата наречена живот. Слободата е оној божји дар кој прави да дишеш со широко отворени гради и да се чувствуваш прекрасно. Слободата е оној импулс кој те води и стимулира да твориш и создаваш, да љубиш и воспеваш, да сакаш и даруваш, да водиш и милуваш. Слободата е скапоцен дар и треба да се чува и да се потхранува постојано, како лебецот насушен, како водата која живот значи, како сонцето кое утра буди, како месечината која обсјајува и како ветрецот кој душа дарува. Слободата е исконската сила која те води и во мигови кога се наоѓаш на раскрсница, таа ти го покажува животниот патоказ. За тоа таа за секого е нешто свето и најсјајно, нешто незаменливо и од бога даровито. Затоа за неа и вреди да се бориш, дури и по цена на сопствена и лична угнетеност, бидејќи и најубавата птица, со најсјајни перја и свилен глас, ако е во кафез, а не е слободна, ќе биде тажна и непоимливо здушена. Чувство на бескрајна слобода Одамна таков слободарски дух немам почувствувано, одамна толку убост и радост на едно место немам доживеано, одамна толку страст и среќа истовремено немам од мене изнедрено како што тоа синоќа го почувствував. Млади луѓе, полни со ентузијазам и желба за подобро утре, обични граѓани но со насмевки на лицето, слободни и ширни, поглед во недоглед и чувство кое не се опишува... Некогаш едноставно зборовите се сувишни, а молкот и онеменоста моја беше резултат на слободарскиот дух и чувството на бескрајна слобода кое ме вдахнови во кампот карши владата. И гласно проговорив - колку малку ни е слобода потребна за да бидеме среќни и полетни...Убајни невидени... Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?