19 Мај, 2024
0.0346

За ВМРО-ДПМНЕ договорот со Бугарија е штетен, за СДСМ тоа е исчекор кон иднината

Објавено во: Македонија 03 Август, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ има политички став дека договорот со Бугарија е штетен и не ги задоволува македонските национални интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да се повлече од договорот за добрососедство со Бугарија. 

Oд партијата повикаа пратениците од владејачката партија да не го поддржат овој договор. 

„Апелираме на совеста на пратениците на Социјалдемократскиот сојуз да не го поддржат овој договор. Не е доцна, вие пратениците од Социјалдемократскиот сојуз имате обврска и кон вашите предци, но и кон вашите деца. Однесувајте се одговорно барем вие, оставете го господинот Зоран Заев сам во овој случај“- изјави генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски.

Од СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во сопствената политика на поделби, а Македонија го живее новото време на соработка и добрососедство.

„Договорот е во согласност со националните интереси на нашата држава и со интересите на граѓаните на Македонија и на Бугарија. Договорот е основа за пријателство и заемен успех, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади“- велат од СДСМ.

Тврдат дека е направен значаен исчекор кон иднината и евроатлантските интеграции.

Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри