20 Декември, 2025
0.0602

ЗА ЖАЛБАТА НА ЗЕКИРИ НА 30 ДНЕВНИОТ ПРИТВОР - утре ќе одлучува Кривичниот совет на судот

Објавено во: Македонија 10 Април, 2022 16:11

Добивај вести на Viber

Утре ќе се донесе одлука дали генералниот секретар на Владата во оставка, Мухамед Зекири, ќе остане во 30 дневниот притвор кој му го одреди судот.

Во текот на утрешниот ден, Кривичниот совет ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за притворот. 

Инаку, како што е познато, уште од петокот, генералниот секретар на Владата во оставка, Зекири, се наоѓа во Истражниот затвор во Шутка, бидејќи Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството нему да му биде одреден притвор. Како причини од Обвинителството ја наведоа опасноста од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. 

На овие наводи правниот застапник на Зекири изјавил дека во жалбата ги побива сите основи за одредување на  притворот.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека ова не е ништо ново, а ваков криминал и корупција имало на секој чекор во оваа влада. 

„И можеби треба да се запрашаме дали ова е единствениот криминал или нелегално работење на Мухамед Зекири. Ваков криминал сигурно има уште повеќе, но обвинителството треба што побрзо да истражи за сите сомничави работи кои ги правел Мухамед Зекири. Второ прашање е дали и колку пари од овие кои ги земал Мухамед Зекири завршиле во нечии други џебови како провизии“, изјави  Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, институциите, судството и обвинителството беа под целосна контрола на криминалната врхушка на власта. Наместо да гонат, штитеа криминал. Дополнително, на никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да поднесе оставка, напротив. Сега законите важат за сите подеднакво, без разлика кој на која позиција или функција во одреден момент се наоѓал. Тоа е владеење на право за којашто сите ние се залагавме и правиме се да обезбедиме независни правосудни органи“, возвратија од СДСМ.

Инаку Зеќири заврши во притвор, по сомневањата на Обвинителството соопштија дека тој ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка. 

Според информациите, овој договор се однесувал за изработка на физибилити студија за скрининг на работењето на Македонски пошти. 

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти