19 Мај, 2024
0.1591

Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството во Капитол мол

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

СОС Детско село и Капитол мол одлучија на интересен и забавен начин да покажат дека семејството и среќата на децата се најважни. Тие на 15. мај во 18.00 часот пред платото на Капитол мол огранизираат настан по повод Меѓународниот ден на семејството.

Во склоп на настанот ќе се организираат интересни семејни игри, креативна работилница „Го сакам моето семејство“, face painting и супер музичка програма. Водени од важноста на семејството и вклучувањето на што поголем број луѓе во настанот, повторно ќе им покажат на децата од СОС Детско село дека ниту едно дете нема да биде само.

„Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност. Ние градиме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја оформат сопствената иднина и учествуваме во развојот на заедниците.“, е мисијата на СОС Детско село и секој кој ќе го посети Капитол мол и ќе учествува на Меѓународниот ден на семејството - донирајќи и забавувајќи се - придонесува за реализација на оваа мисија.

Воедно, овој период Капитол мол прераснува во уште едно „Место со срце“ каде покрај забавниот шопинг, сите ќе може да донираат за СОС Детско село низ означените продажни места. Таму веќе се поставени посебни касички за донации во текот на овој месец.

Повеќе информации за овој хуман гест и за настанот можете да се најдат на Фејсбук страните на Капитол мол или на СОС Детско Село:

https://www.facebook.com/detskoselomkd/

https://www.facebook.com/capitolmall/


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО