09 Октомври, 2024
0.0339

Заборавете на Санторини: На овој остров ќе најдете плажи какви досега не сте виделе во цела Грција

Објавено во: Стил 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Куфонисија, во превод „глуви острови“ ни случајно не се викаат вака. Наменети се за вистинските љубители на природата, тишината и мирот, а повторно го содржат се она што ви е потребно за да поминете незаборавен одмор во кој ќе уживате и ќе бидете безгрижни. Потребно е отприлика половина дена за да се навикнете на опуштената клима на островот и да го искусите гостопримството на жителите кои во тоа најмногу ќе ви помогнат.

Плажи какви не сте виделе никаде

Плажите на Куфонисија се магија за очи, а ваквата тиркизна боја на морето ретко каде се среќава. До сите плажи можете да стигнете со локално бродче, автомобил или автобус, па дури и пеш.


-Првата е плажата Фанос, па следи Писина, наменета за љубителите на скокови. Малку пред плажата Пори ќе го видите „Ѓаволско око“ , сочинето од мали школки за љубителите на пливањето.


-После Пори доаѓа Гала, што во превод значи „Млеко“ и навистина го оправдува своето име кога после силните ветрови се направи густа морска пена. Е, тука и тоа како може да си играте со брановите


-А тука е и плажата во пристаништето која е совршена за водени спортови.

-Ако на островот сте доволно долго да ги посетите сите плажи, тогаш може да се упатите на пикник на Долниот Куфониси, дивиот остров со рајски плажи оддалечен дури 200 метри од горниот.

Основна егзистенција на локалното население е туризам и риболов.

На тие плажи може да вкусите единствени грчки рецепти и да уживате во сјаен амбиент.



foto: thinkstock/ discover greece/ greece.com