Заев бара Мицкоски да не го штити криминалот, тој тврди дека не е така
Објавено во: Македонија 26 Март, 2019
Премиерот Зоран Заев во тв дуелот на Канал 5 со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека е непоправлив оптимист. Не се откажува од СЈО.
„Тие се сериозен создаден капацитет на оваа наша земја“, вели тој.
Заев додава дека СЈО треба да имаат материјални средства за работа, и рече дека дијалогот продолжува. Премиерот смета дека со консензус треба да се даде поддршка.
Премиерот вели дека Мицкоски ќе одлучи дали ќе ја блокира земјата, за сметка на заштита на криминалците.
Мицкоски изјави дека преговорите за СЈО не се прекинати, уште траат и на крај ќе се знае дали ќе има позитивен резултат или не. Тој вели дека сакаат правдата да не биде селективна.
Мицкоски вели дека бараат формирање на комисија која ќе истражи каде се потрошија 15 милиони евра. Вели имаат индиции, и тоа ќе го презентираат на јавноста. Тој ги спомена платите на обвинителите, и вели дека не е во ред некои да имаат три пати поголеми плати од другите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека апсолутно не штитат криминал.