27 Април, 2024
0.0293

Заев: Бидете горди оти имате најдобар договор постигнат со Грција

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

„Сите ја чувствуваме одговорноста во времето во кое живееме, а од нас сега зависи иднината на нашите деца. Никој друг за нас не може да ја донесе оваа одлука, но јас знам дека нашиот мултиетнички народ, е исправен сериозно пред крупна одлука, и ќе се носи со сериозноста на одлуката.


Ќе обезбедиме Европска Македонија“, изјави премиерот од обраќањето пред граѓаните кои дојдоа да му дадат поддршка за патот кон евроинтеграциите.


„Сонувавме за земја која ќе биде рамо до рамо со сите модерни демократски земји, каде ќе има прогрес, насмеани лица, економски развој и здравство. Сите сонуваме 27 години и еве не денеска донесовме крупни одлуки и сме исправени и имаме конечно шанса да го оствариме нашиот сон, да обезбедиме иднина за нашите деца, за генерациите после нас.


НАТО и ЕУ не поврзува сите, затоа оваа аспирација имаме шанса да ја зграпчиме и да бидеме горди дека сме успеале.

Патриотизам е да си ја осигуаме иднината на нашата земја. НАТО и ЕУ се единствен пат по кој треба да се движи Македонија. Тоа е нашата водилка за подобар живот за сите граѓани овде во Европска Македонија.-рече Заев.

Поучени од сите овие 27 години како се преговарало, како имало неправди, донесовме одлука храбро да влеземе, ние донесовме одлука не калкулиравме, затоа што пред се и пред сите наши политики, ја ставивме Репбулика Македонија. Склучивме договор, решивме спор, добивме пријател . Мора сите да знаеме дека договорот е фер и праведен и двете страни подеднакво добиваат.

Јас ве уверувам дека со договорот со Грција двете страни добија, и тој обезбедува перспектива, пријателство, инвестиции, развој, ансмевки, обезбедува Европска иднина.

Мораше и мора да се реши прашањето за спорот со името, тоа го знаат и малите деца. Моравме да донесеме државничка одлука, а јас знам дека и народот ќе донесе историска, државничка одлука за Македонија“- посочи Заев.

-Грција го призна нашиот јазик, и нашиот македонски идентитет., најдовме формула како да се признаеме и испишавме европска историја.

Затоа да бидете горди оти имаме најдобар договор на овој свет, подобар никој не можеше да донесе.


Добивме држава признаена од сите, од цел свет, во која живее народ признаен од цел свет, зборува македонски јазик признаен од целиот демократски свет.

Ајде да не дозволиме да ја раочараме таа доверба која ни е дадена од сите наши пријатели, со гласање ЗА на светот да му покажеме дека ја почитуваме подадената рака, побара премиерот од граѓаните.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“