27 Април, 2024
0.0335

Заев денеска ја објавува „метлата“ број 2

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

По разрешувањето на неколкумина министри, разместувањето на дел од нив и назначување на нови, денеска ќе бидат соопштени оставките на функционерите од вториот и третиот ешалон и нивните наследници. Првично тоа беше најавено за минатата недела, но беше одложено поради немање конечен договор. Инаку оваа таканаречена „метла“ беше најавувана уште за времето на претседателските избори.

Како што се најавуваше вчера, премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, веќе ги договориле деталите, а завршени се и преговорите со помалите коалициони партнери. Вера по ова прашање имало и неформална точка на дневен ред на редовната владина седница.

Заев најави дека променети ќе бидат од 20 до 25 директори на јавни претпријатија, дирекции, фондови, управи, инспекторати и други, а меѓу нив се очекува десетина да бидат раководители од редовите на ДУИ.

Највлијателни и финансиски најмоќни второстепени државни органи во Македонија се АД ЕСМ, АД МЕПСО, РЕК Битола, Македонски енергетски ресурси, Пензискиот фонд, Фондот за здравствено осигурување, Државни патишта, Македонија пат, Царинска управа, УЈП, Агенција за електронски комуникации, Дирекција за трговско-индустриски развојни зони, АД Македонски Шуми, Македонски навигации, Македонска пошта, Македонски железници Транспорт, Македонски железници Инфраструктура, Регулаторна комисија за енергетика и Инспекцискиот совет.

Останува да се види дали ќе има промени само во инстанците од ваков тип, или пак ќе бидат менувани и директори во здравството, образованието, правда и други области.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“