Заев: ДИК го прифати Избирачкиот список
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2020
Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција рече дека Државната изборна комисија донел одлука да го прифати ажурираниот Избирачки список со кој ќе може да се оди на предвремени парламентарни избори во јуни.
- ДИК да носи одлуки со консензус, четворица се од власта, петтиот од БЕСА, од седум члена. Ако треба да се надгласуваме, ќе ги победиме. Тоа не е добро. Еве ја одлуката, веќе ја донесоа. Јавно е достапна дека ги прифаќаат сите процеси и протоколи. МВР треба да достави комплетно ажуриран список до 21 јуни и ДИК мора да го потпише и објави, рече Заев, покажувајќи го документот.
Тој рече дека на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски поддршка за избори на 26 јуни добил од ДУИ и Али Ахмети, опозиционата БЕСА и ДПА, додека Алијансата за Албанците била за гласањето да биде на 21 јули.
- Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беа 23 август, 30 август, 6 септември и 13 септември. Имавме документи од здравствените организации, крајот на септември може да има нов бран, неодговорно е крајот на летото, тоа би било нова политичка и еконосмка криза. Да останеме во законските рокови. Сакаме заедно со опозицијата да имаме договор, но ако немаме, остануваат законите и Уставот на државата, истакна лидерот на владеачката партија.
Заев, одговарајќи на новинарско прашање, наведе дека опозицијата не смее да ги бојкотира изборите, затоа што веќе се согласила истите да се одржат.
- Има нотарски изјави, поднесоа листи на кандидати, се знаат бројките на избирачките места. Процесот е само принудно замрзнат,. кампањата не може да се бојкотира. Еве во Србија на 21 јуни ќе има избори, до 12 јули ќе има избори и во Хрватска Имаме можност за разговор за уште неколку дена, во спротивно стапуваат во сила законските рокови, тврди Заев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.