19 Мај, 2024
0.0316

Заев, Димитров и Османи утре во Софија

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе остварат работна посета на Софија со цел, како што најавуваат од Владата, интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција земјата.

Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со бугарскиот претседател Радев, со бугарскиот премиер Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Вугарија.

Заев вчера, одговарајќи на новинарско прашање какви се неговите надежи за старт на преговорите до 22 јуни, изјави дека нема голем оптимизам во него дека за овој кус период ќе се променат нештата и дека не сака да и дава лажна надеж на јавноста.

„Она што морам да го кажам, е дека имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот, бидејќи Бугарија има техничка Влада и нема парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова, затоа што не сакам да ги дигнам очекувањата на нашите граѓани. Бидејќи реалност е дека во Бугарија има избори. Имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се. И нема зијан ако направиме успех, и заклучиме отприлика договор, кој што би бил верификуван и од политичка Влада и од парламентот“, рече Заев. 

Ова Заев го изјави по неговата средба со бугарскиот претседател, на НАТО Самиотот, која следуваше после средбата на Радев со нашиот претседател Стево Пендаровски.



Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид