19 Мај, 2024
0.0278

Заев: Еден од контролорите им давал документи на опозицијата за да се спаси

Објавено во: Македонија 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Прмеиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција ја оцени акцијата „Двојник“ како успешна и рече дека е легитимно тоа што негови коалициони партнери имале средби со Седат Пекер, еден од најголемите турски криминалци за кого бил направен пасош со лажен идентитет од службите на МВР.

- Јас сум запознаен кој од коалиционите партнери имале средба на негово барање низ чаршијата и на други места, но апсолутно , не може да се каже дека некој има вина поради тоа, затоа што е нормално некој кога ќе побара средба таа и да се закаже, рече Заев.

Според него, луѓето од коалициското опкружување не знаеле во тој момент кога објавувале фотографии со членот на турското подземје дека за него се вадат патни исправи со лажен идентитет.

Заев вели дека не прифаќа тој и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да понесат одговорност, затоа што, како што вели тој, акцијата била успешна.

- Кога некој открива, осознава и активно процесуира криминал, тој треба да се награди, а не да одговара. Ова е неколкумесечна акција која се работи со Интерпол и со регионалниот центар на САД за да се казнат ваквите постапки. Луѓето кои се извадени пред суд и дале 214 државјанства се во притвор. Низ децениите тоа што се случувало, на крајот има успешна завршница за да не се повтори никогаш повеќе, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека еден од контролорите, односно референтите, кои изработувале оригинални пасоши за регионалните криминалци под лажно име, и давал документи на опозицијата да ги објавува за да створи политички тензии и така да се спаси.

- А дека некој се обидува да кокетира со одредени политички субјекти во целиот овој период веројатно да се спаси и да направи политичка тема од ова прашање, ние нема да дозволиме професионалното однесување на МВР и независното работење на правосудните органи да не ја испратат пораката на неказнивост, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид