Заев ги објави имињата на Албанците кои ги предложил за претседателски кандидати
Објавено во: Македонија 15 Април, 2019
Аналитичарот Алберт Муслиу, градоначалниката на Тетово, Теута Арифи, и бизнисменот Имер Семани се имињата на Албанците кои премиерот Зоран Заев ги предложил како едни од номинираните кои би можеле да добијат поддршка од СДСМ и владината коалиција да бидат кандидати за претседател на Македонија кога се уште на површина не исплива изборот на Стево Пендаровски.
Ова денеска го откри Заев во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. На дебатата беше присутен споменатиот Муслиу па и самиот беше изненаден што тој самиот се нашол во комбинација да биде предложен.
Тој рече дека на изборот на Пендаровски како конечен избор за поддршка влијаеле ДУИ и другите албански партии во владината коалиција, а доколку се прашувал исклучиво тој и СДСМ најверојатно би биле предложени некој од вицепремиерите Оливер Спасовски или Радмила Шекеринска.