Заев го тргнал Марјанче на страна бидејќи се води истрага
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018
Премиерот Зоран Заев потврди дека не му дал да зборува на градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, пред окалните жители на оваа општина за време на кампањската посета за референдумот, бидејќи тој во моментов е под истрага по објавената видео-снимка како се заканува во училиште дека „се знае затоа што прислушкува“.
Одговарајќи на прашање дали побарал оставка од градоначалникот на Демир Хисар за видеото кое излезе во јавноста, Заев одговори дека МВР спроведува истрага и дека градоначалникот бил на трибината во првиот ред.
- Не беше во делот на тие што имаа обраќање, мислам дека така е чесно додека трае истрагата на МВР, тој беше повикан на разговор, кој е направен, понатаму се истражува, но она што можам да го гарантирам на граѓаните на Р.Македонија е никогаш повеќе нелегално прислушување во Македонија, изјави Заев.
Верува, дека кои и да биле причините за кои што, градоначалникот зборувал пред колеги, наставници во училиштето било негов личен порив.
- Секако јас ќе останам да ги дочекам истрагите од МВР кои што ги прават, изјави премиерот
Заев.