Заев и Ципрас не станаа Нобеловци
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2019
Беа номинирани, но не успеаја во јаката конкуренција. Премиерот Зоран Заев и неговиот пријател, поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас не ја добија Нобеловата награда за мир.
Таа годинава му припадна на етиопскиот премиер Абиј Ахмед Али за неговиот ангажман за мир и меѓународна соработка, особено за иницијативата за решение на граничниот конфликт со соседна Еритреја. Одлуката денеска ја соопшти Нобеловиот комитет во Осло.
Годинава за Нобеловата награда за мир беа номинирани 223 лица и 78 организации. Заев и Ципрас ги номинираа поранешниот амбасадор професорот Нано Ружин и Фијат Цановски, управителот на ФОН Универзитет за постигнатиот Преспански договор. Тие дури пиеја кафе со двајцата на први месецов.
Од ФОН Универзитетот попладнево информираа дела упатуваат честитки до добитникот на Нобеловата награда за мир за 2019 – Премиерот на Етиопија Аби Ахмед.
„Истовремено би сакале да истакнеме дека ни претставуваше чест како Универзитет заедно со добитничката на Нобелова награда за мир Уидед Бушамауи и почесен доктор на науки на нашиот универзитет, да ги номинираме Премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас за нивните напори во постигнувањето на историскиот договор од Преспа. Двајцата со нивните заложби покажаа дека Балканот не е повеќе место во кое конфликтите и разликите се ненадминливи. Туку истите може да отворат нови врати на пријателство и просперитет за сите граѓани, стои во соопштението.