30 Април, 2024
0.0290

Заев и Филипче до младите: Сакаме да останете тука

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во присуство на министерот за здравство, д-р Венко Филипче, пратеничката во Собранието и стоматолог по професија, д-р Мери Лазарова, како и претставници од здруженијата на специјализанти и млади доктори, се обрати на панел дискусијата организирана од Министерството за здравство, „Инвестираме во младите доктори, иднината на здравството во Република Македонија“

Истакнувајќи дека иднината на Македонија е во младите луѓе, Премиерот Заев потенцираше дека политиката на Владата на Република Македонија и на Министерството за здравство се исклучиво во насока на задржување на докторите во земјава.

„Владата на Република на Република Македонија донесе предлог програма за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализациите, односно супспецијализациите на здравствените работници вработени во приватни здравствени установи за 2019-тата година. Како резултат на имплементацијата на оваа програма, пациентите ќе добиваат здравствени услуги по највисоки стандарди, младите доктори значително ќе се доусовршат со што навреме и прецизно ќе се дијагностицираат болестите. За оваа намена обезбедивме доволно средства во Буџетот на Република Македонија за следната година“, рече Премиерот Заев.

Тој, исто така, на младите доктори им посочи и дека заложба на Владата е до 2020-тата година платите на докторите специјалисти во терциерното здравство да се зголемуваат постепено и да достигнат износ од најмалку 100 илјади денари.

„Знам дека промените веќе ги чувствувате. Специјализантите кои се пријавиле на конкурсите пред почетокот на оваа година, вклучувајќи ги и кофинансираните, веќе добиваат плата. А од овој месец плата ќе добиваат и оние од вас кои се пријавиле на конкурсот во јануари годинава“, додаде Премиерот Заев.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите години младиот медицински кадар беше заборавен од државата. Тој додаде дека поради фактот што не се вреднувал нивниот труд, единствениот излез за младите доктори бил да работат надвор од Македонија.

„Зголемување на надоместокот за дежурства, ноќен труд и прекувремена работа е во насока на останување на медицинскиот кадар дома. Веќе почнаа исплатите за околу 200 специјализанти, а од овој месец дополнително ќе бидат исплатени уште 92-ца кои беа запишани на специјализација со јануарскиот конкурс годинава. Со заеднички договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија дополнително уште околу 40 специјализанти стоматолози од септември ќе добиваат надоместок“, потенцираше министерот за здравство, Филипче.

Во исто време, додаде министерот, неопходно е да се зајакнат капацитетите на медицинскиот факултет со млад и амбициозен кадар, кои ќе имаат можност за младински активизам, студентско ангажирање, воведување на нови програми и содржини, како и поголема соработка со професорите и асистентите.

Мерките кои собранието на Република Македонија ги предлага за подобрување на условите за практично учење, на специјализантите им ги презентираше Мери Лазарова, член на собраниската комисија за здравство и стоматолог по професија.

„Се заложуваме за систем на континуирана медицинска едукација. Здравството ќе се соочи со дефицит на специјалисти, којшто, ако не реагираме брзо, не ќе може да се надополни. Затоа го подржуваме финансирањето на специјализациите на 10-те најдобри студенти, како и заложбата на министерството за здравство да се зголемат квотите“, потенцираше пратеничката Лазарова.

Правата на специјализантите на денешната панел дискусија ги застапуваа претседателите на Клубот на млади специјализанти и на здружението на лекари специјализанти.

„Конечно не слушаат тие што одлучуваат. Драго ни е што добиваме сигнали да се отвори дебата за нашите проблеми. Апелираме дека се неопходни системски реформи. Мора да гарантирате дека ќе создадете здравствен систем, кој ќе не задржи во Македонија“, рече д-р Никола Брзанов, претседател на Клубот на млади специјалисти. 

„После 20 години се прават историски промени, се обезбедува плата за приватните специјализанти. После 25 години, Лекарската комора ја препозна потребата да формира комисија за специјализанти. И сето ова за нас е многу важно, бидејќи само од задоволни лекари, задоволни можат да бидат пациентите“, истакна д-р Билјана Додева, претседател на здружението на лекари специјализанти.

Можност за дискусија имаа и присутните млади лекари, специјализанти, професори, студенти. Искажаа благодарност што завршила експлоатацијата на специјализантите и нивниот труд. Побараа уште повеќе да заживее дебатата со нив, бидејќи само тие можат да ги посочат вистинските проблеми со кои се соочуваат.

На ова министерот Филипче истакна дека за секоја планирана мерка или реформа, бара мислење од граѓанските организации. „Нема поента Министерството за здравство да направи реформи без да ги праша тие што ги засега“, додаде министерот Филипче.

„Адресирајте ги проблемите. Најголем коректив сте вие. Ние ќе ве стимулираме со плати, но ако вашите професори не сакаат да ви го пренесат знаењето, тогаш сè е џабе. Македонија е мала и ако можеме да ја отстраниме себичноста, на добар пат сме. Во однос на одговорноста, мора да ја има. Казнениот систем е порака која се испраќа за да не се повторуваат одредени активности“, заклучи Премиерот Заев. 


Можеби ќе ве интересира

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите