Заев и Вучиќ во Тирана на 20 декември
Објавено во: Балкан 17 Декември, 2019
Македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посетат Тирана кон крајот на декември.Тие ќе присуствуваат на состанокот на лидерите на Западен Балкан, што ќе се одржи на 20 и 21 декември.
Посетата е дел од напорите за формирање на балкански „мини-шенген“, односно слободен регионален пазар, а овој пат домаќин ќе биде албанскиот премиер Еди Рама.
Тие напори започнаа пред околу два месеци во Нови Сад, каде тројцата лидери Александар Вучиќ, Зоран Заев и Еди Рама се согласија да ја формираат оваа регионална економска унија. Тие ја засилија својата идеја во меѓувреме на состанокот во Охрид,а се очекува да ја финализираат во Драч на 21 декември.