Добивај вести на Viber
И денеска ВМРО - ДПМНЕ го обвнуваше лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев за местење тендер. од опозицијата вратија дека во Струмица тендери земале и припадници на владејчката партија.
Притоа од ВМРО - ДПМНЕ посочија дека голема јавна набавка била склучена со фирмата Јавор-Шпед тогаш во сопственост на Горан Крстев кој бил пријател на опозицискиот лидер. Така, велат од партијата, , фирмата Јавор-Шпед ДООЕЛ во 2008 година склучила договор за јавна набавка со Општина Струмица во вкупна вредност од 18.234.587 денари.
„Горан Крстев, покрај тоа што во Струмица е познат како личен пријател на Зоран Заев, е и бизнис партнер и ортак на братот на Зоран Заев, Вице Заев во фирмата “Сара Јавор Инжинеринг ДОО Струмица“, за што на една од претходните прес конференции и ве информиравме. Тие се капитално поврзани со семејството Заеви. Имаат заеднички фирми“, велат од ВМРО - ДПМНЕ.
Од СДСМ пак во реакцијата наведуваат дека во минатите години повеќе од 30 фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ добиле тендери во општина Струмица, вредни над 30 милиони евра.
Како пример, ја посочуваат фирмата Жикол, чијшто сопственик советник од ВМРО-ДПМНЕ , а го добил тендерот за плоштадот во Струмица за сума од 3,6 милиони евра, додека истиот сопственикот бил и еден од главните изведувачи на објектот Глобал.
„Во кујните на детската градинка Детска радост и на Комуналец од Струмица, посочуваат, зејтин се набавува од фирмата АЛМАКС – Струмица, сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник во републичкото Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат на партијата за градоначалник на Струмица на последните локални избори.Ова само покажува дека Зоран Заев се однесува и работи како градоначалник на сите граѓани на Струмица“, стои во реакцијата.