19 Мај, 2024
0.2104

Заев најави модерно образование - Помалку предмети, повеќе стручност

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев на Конференција за квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина, во организација на УНИЦЕФ истакна дека еден од приоритетите Владата е создавање одржлив образовен систем во Република Македонија со квалитетни кадри кои ќе го најдат своето место на пазарот на трудот.

„Владата, преку Министерството за образование веќе почна со ревизија на наставните планови и програми. Започнати се и процеси на ревизија на учебниците, како и на менување на законите што се однесуваат на образованието, рече премиерот нагласувајќи дека учениците имаат премногу предмети и не добиваат суштинско знаење.   

Премиерот посочи и дека ќе има промени за наставниците.

„Многу од работите што треба да се променат се однесуваат на мотивација на наставниците и учениците, на креативност во работата и учењето,  на иницијативност,  на инклузивност, на следење современи трендови во наставата и користење современи методи. Затоа со буџетот за 2018 година, обезбедени се дополнителни средства, со што ќе се реализира најавеното зголемување на платите во висина од 5% во основните и средните училишта, а предвидени се и нови вработувања според реалните потреби“ рече Заев. 

Меѓу приоритетите ќе биде и подобро средно стручно образование со конкретни вештини за учениците, како и нови механизми за насочување на децата кон тоа што имаат интерес и талент.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража