Добивај вести на Viber
Премиерот Зоран Заев синоќа по затворањето на националниот попис објави дека СДСМ успеал по 20 години да ја спроведе статистичката операција и при тоа наведе дека ВМРО-ДПМНЕ не успеала тоа да го направи во претходното долгогодишно владеење.
„После 20 години, имаме УСПЕШЕН попис!
Заврши пописот – попишани се преку 99% од граѓаните, попишани се околу 1 милиони и 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици. Нека ни е честито, покажавме кој има капацитет, а кој нема.
Да сме горди на себе – за само три години, тоа што било невозможно со децении, денес го имаме во нашите раце: во едната рака ни е НАТО, во другата рака – успешен попис. Нека е аирлија!“, објави претседателот на СДСМ.
Обработката на податоците од пописот ќе трае шест месеци, односно резултатите ќе бидат објавени од Државниот завод за статистика во март следната година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.