19 Мај, 2024
0.0288

Заев по средбата со Жбогар: Нема поважна цел за Македонија од ЕУ и НАТО!

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска одржа средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, на кого му кажал дека  е среќен заради тоа што нема поважна цел за Република Македонија, освен интеграциите во ЕУ и НАТО. 

Двајцата разговарале и за реформите кои треба да ги спроведе новата Влада. 

„Имавме плоден состанок којшто траеше повеќе од час и половина на којшто разговаравме за сите детали и за обврските на Владата којшто треба да ги направи на нашиот пат кон ЕУ. Разговаравме за отпочнатите проекти, разговаравме за она коешто претставува континуитет во работењето на тој пат, но најмногу секако разговаравме за реформите.  Ги дефиниравме отприлика агендите којшто претстојат пред нас, го запознав амбасадорот со новите министри и нивите надлежности, советите како ќе ги поставиме и како ќе бидеме целосно посветени на целиот овој интегративен процес од секој аспект. Од аспект на реформите, од аспект на подобрувањето меѓусоседските односи, од аспект на комуникацијата со Брисел и ЕУ, генерално, се со конечна цел од сите можни аспекти да ги придвижиме процесите за Македонија да ден поскоро ги придвижи работите како што следуваат, а тоа ако може да ја тргнеме поскоро условената препорака, ако даде Господ со добра работа преку реформите и со многу посветеност на сите во земјата. Кога зборувам на сите, тоа значи и власт и опозиција, и извршна и законодавна власт, и сите други партиципиенти во секојдневниот живот, да овозможиме надеж дека ќе отпочнеме преговори со ЕУ, час поскоро, знаете дека тоа прашање зависи и од горливиот проблем којшто Република Грција го има со нашето уставно име, но ние сакаме да работиме во тој правец, се со конечна цел да предизвикаме стартно големо охрабрување и оптимизам кај граѓаните  во она што не чека во периодот пред нас, а навистина соодветно во времето да биде покриено и со практични реализации на нашите надежи којшто ги имаме како Влада“ - вели Заев. 

Новата Влада е комплетно оптимистички настроена целосно е позитивна и би сакале нашата позитивна енергија да ја пренесеме на граѓаните, заради тоа што со голем оптимизам и позитивна енергија, верувам дека и самите на себе би си помогнале како земја, како граѓани во она што предстоји пред сите нас, додава Заев. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела