19 Мај, 2024
0.0309

Заев се обрати на Генералното собрание на ОН: Конечно ја комплетиравме нашата лична карта

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Иако мојата земја е членка на ОН од 1991, денеска за прв пат ви се обраќам како премиер на Република Северна Македонија откако е потпишан Преспанскиот договор. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во Обединетите нации. Спорот во светот беше познат како тежок и закоравен, а сега имаме само позитивни придобивки од неговото решавање Сега имаме исклучително добри односи со Грција. Со тоа придонесовме да се поттикне развојот на Западен Балкан, рече премиерот Зоран Заев во своето синоќешно обраќање на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

- Сакам овде да подвлечам дека сме благодарни за поддршката на ОН и неуморната работа на специјалниот посредник Метју Нимиц, кој работеше заедно со нас на решението. Тоа е корисен пример за многу други отворени прашања во светот, како се решаваат конфликтите со дијалог и дипломатија. Како лидери им должиме на граѓаните решавање на проблемите.и треба да им овозможиме подобар живот. Очекуваме наскоро да станеме 30-членка на НАТО, а според направените реформи дома и договорите кои ги постигнавме со соседите, очекувам и датум за преговори со ЕУ во октомври, рече шефот на македонската Влада пред присутните лидерри.

Хибридните режими, бегалските кризи, климатските промени, беа темите на кои се осврна Заев дополнително. Потсети дека Македонија е една од земјите потписници на Парискиот климатски договор, активен партнер на светската антитерористичка коалиција и дека земјата се придржува до „Агендата 2030“ за одбрана на човечките права, достоинство и недискриминација.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места