18 Мај, 2024
0.0383

Заев-Tajани: EП продолжува да биде еден од најсигурните партнери на Владата

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на највисоките институции во Брисел, денеска оствари средба со Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани.

Заев упати благодарност за средбата и го искажа задоволството од континуирана поддршка за Република Македонија и за политиката за проширување што ја застапува мнозинството во Европскиот парламент, што постојано се демонстрира преку различни извештаи, изјави и активности од страна на европарламентарците и политичките групи.

„Европскиот парламент беше првата институција на ЕУ која дејствуваше и понуди услуги за медијација кога во Македонија настапи политичката криза, и продолжува да биде еден од најсигурните партнери на Владата на Република Македонија, во интерес на земјата“- рече Заев.

Тој додаде дека имаат пристап без скриени агенди. 

Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани искажа честитки за роформскиот процес што го отвори Република Македонија, и особено што тој веќе дава видливи резултатите.  Тајани ја искажа отворената поддршка на оваа институција за Република Македонија, најави интензивирање на соработката на Собранието на РМ, како и поддршка во мотивацијата на инвеститорите од ЕУ да посветат внимание на можностите за бизнис во Република Македонија.

На средбата, која се оствари веднаш по Молитвениот појадок во Европскиот Парламент, присуствуваа и членовите на владината делегација, Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?