07 Октомври, 2024
0.0280

Заев уште еднаш побара побргу да се донесе регистарот на информативни портали

Објавено во: Македонија 27 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш побара што е можно побргу Здужението на новинари на Македонија да го донесе регистарот на информативни портали во кој ќе бидат вклучени само веб-страните кои ги исполнуваат стандардите со што јавноста и оние кои се рекламираат ќе знаат кој ги објавува лажните вести, а кои се придржуваат до принципите.

„За поздравување е иницијативата за регистар на професионални онлајн медиуми со кој ќе и се посочи на јавноста кои портали ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, но и кои се тие кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум, на Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот за етика во медиумите.

Всушност, за поздравување е секоја иницијатива која придонесува да се направи јасна разлика меѓу новинарската критика и лага. Мораме сите ние како граѓани да направиме разлика меѓу критиката која е сојузник и лагата која е непријател на нашето демократско општество.

Критичкото новинарство е во основата на едно демократско и отворено општество. Критиката е корисна, а конструктивната критика придонесува кон унапредување и развивање на општеството во сите негови сфери“, порача премиерот на својот профил на Фејсбук.

Шефот на Владата го повика ЗНМ и останатите структури кои соработуваат на овој проект да го изготват регистерот што е можно побргу.

„Затоа манипулацијата и лагата мора да се соочат со отпор. Лагата прави штета, а манипулаторите им штетат и на здравите демократски процеси. Уште повеќе, кукавичлук и лицемерие е оние што во континуитет продуцираат дезинформации и лажни вести да се кријат зад слободата на говорот.

Ја охрабрувам новинарската фела, медиумската заедница, колку што може побргу, да ги утврди стандардите кои јасно ќе ги дефинираат разликите меѓу критичките новинари и медиуми и пропагандистичките машинерии за лажни вести“, додава Заев.

Слична порака премиерот упати и вчера на заедничката прес-конференција со шефот на српската влада Ана Брнабиќ.


Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија