Заев утре ќе соопшти дали Рашковски е во земјава или не
Објавено во: Македонија 16 Март, 2021
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не знае дали поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски е надвор од земјава. Кажа дека утре ќе провери и ќе и соопшти на јавноста.
„Верувајте, јас за сите вработени или ангажирани во Владата ниту се обидувам да имам контрола, ниту знам. Тие си имаат право на свој одмор, право на одлучување. Предмалку стигнав од Луксембург. Не знам“, рече Заев.
Рашковски деновиве е актуелен во јавноста по информациите за набавка на софтвер за мерење просечна брзина на возилата и изрекување казни, кој за Министерството за внатрешни работи (МВР) лани во февруари го набавил Генералниот секретаријат на Владата кога тој го раководеше. Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Јавното обвинителство дека постапува селективно и се уште не отворило истрага за овој случај.