19 Мај, 2024
0.0285

Заев за БТВ: Иванов го крши Уставот, ја штити владејачката гарнитура

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Иванов го крши Уставот, ја штити владејачката гарнитура и сето тоа го прави за да нема трансфер на власта и да нема одговорност на врхушката на нашите политички опоненти, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за бугарската телевизија БТВ.

„Јас сум убеден дека со овие чекори што ги преземаме, ќе дојде до доделување на мандатот од Ѓорге Иванов кај нас за да формираме влада и во македонското Собрание да може да ја избереме таа влада“ - вели тој. 

Заев потврди и кажа дека не само што лично тој го осудува пеењето на албанската химна, туку и дека пратениците на СДСМ го осудиле тој чин, седнувајќи во тие моменти.

„Еден од пратениците од партијата БЕСА излезе и ја испеа албанската химна. Тој настан јас лично го осудувам, веднаш тоа го покажавме на дело, сите седнавме кога се пееше таа химна, секако водевме грижа да не се случи немил настан или инцидент помеѓу Македонци и Албанци, заради тоа што во македонското Собрание може да се пее само македонската химна“ – рече Заев.

За обвинувањата дека планира да воведе двојазични банкноти и двојазични ознаки на униформите на АРМ,  Заев рече дека и тој и претседателите на албанските партии потврдиле дека нема да се менува идентитетот.

„Јас сум Македонец, моите родители се Македонци, и иднината на Република Македонија е утврдена согласно со нашите очекувања како граѓани во ова мултиетничко општество во кое што живееме. Досега по сите можни начини и јас и претседателите на албанските партии потврдивме дека нема да се менува идентитетот, дека ќе ја запазиме унитарноста на Република Македонија, дека се што ќе работиме ќе биде согласно Уставот“ - додава Заев. 

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ бара изговори за да не ја предаде власта. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела