26 Април, 2024
0.0288

Заев за Бугарија: Фокусирани сме да се изнајде решение кое ќе создаде убава атмосфера

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе направиме сѐ, колку што е можно порано да се изнајде решение за разликите со Бугарија, вели премиерот Зоран Заев. 

Изјави дека Европската Унија го смета како билатерално прашањето за добрососедските односи со Бугарија.

„Договорите со Грција и Бугарија не се само буква на хартија, тие се имплементираат во сите свои аспекти. Драго ми е што Бугарија многу често напоменува дека останува континуиран поддржувач за нашето челество во Европската Унија. Верувам дека согласно европските вредности и принципи постои решение за се. Фокусирани сме да  се изнајде решение кое ќе создаде убава атмосфера за одржувањето на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава“, рече премиерот Заев во одговор на прашање на прес-конференцијата во Владата по онлајн состаноците со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, потпретседателот на ЕК Жозеф Борел, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј и претседателот на ЕП Дејвид Сасоли.

Решението, потенцира, треба да се најде до првата меѓувладина конференција, до 10 ноември.

Лидерот на ВМРО - Народна Љупчо Георгиевски, денеска се сретна со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа самата извести за средбата на социјалните мрежи и сподели неколку фотографии од состанокот. Сепак нема позначајни детали за тоа за што се однесувала средбата и што било разговарано.

Бугарија го користи членството во ЕУ за негирање на македонскиот идентитет, пишува денеска „Вечерњи лист“. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“