Заев за прогресивниот данок: Целта е со тоа да постигнеме ефекти и благодети за сите
Објавено во: Економија 30 Март, 2018
Владата нема да отстапи од воведувањето на прогресивен персонален данок. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, најави дека со 18% ќе се оданочуваат приходите над 1.000 евра, а премиерот Зоран Заев рече дека даночната реформа е во програмата на Владата и ќе се реализира.
„Реформата во персоналниот данок на доход е владина програма, ако е владина програма таа ќе се спроведе. Ние не сме слепи имплементатори на нешто што сме ветиле или стои во некој документ. Целта е со тоа да постигнеме ефекти и благодети за сите. Суштината е дека сакаме правично и фер општество. Не може тој што зема 10.000 денари плата и тој што зема 10.000 евра плата да плаќа ист данок“ - рече Заев.
Оваа тема поттикна реакции во јавноста.