Заев: Зекири не сака, ама има луѓе од СДСМ што сакаат коалиција со ДУИ
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019
Во СДСМ има луѓе кои сакаат да коалицираат со ДУИ, рече денеска премиерот Зоран Заев одговараќји на спрашање за ставот на неговиот партиски потпретседател Мухамед Зекири кој вчера во емисија тврдеше дека лично не сака коалиција со ДУИ затоа што таа партија е најлошото нешто за Албанците.
„Мухамед Зекири не првпат кажува дека не сака коалиција со ДУИ, но во СДСМ има луѓе кои сакаат. Исто и во ДУИ има што не сакаат да коалицираат со СДСМ. Најсатирично е што на крајот граѓаните кажуваат со кого ќе коалицираме на изборите. Затоа велам, бројките се неприкосновени, тие ќе ја одредат идната коалиција – рече Заев.
Премиерот повтори дека коалицијата со ДУИ е стабилна. Дека несогласувањата се решаваат и дека станува збор за демократија во партијата каде секој може да си го каже ставот.
Зекири одговараше и на други прашања поврзани со работата на СДСМ.