ЗАГИНА ДЕВОЈЧЕ: Кобна сообраќајка кај Струмица
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019
Страшна сообраќајка однесе во смрт 15 годишно девојче од селото Радово.
Како што пренесуваат дел од медиумите повикувајчи се на полицијата несреќата се случила во раните утрински часови околу 4,30 часот на излезот од Струмица кон селото Дабиле.
Имено, во полиција било пријавено дека автомобил „фолксваген кеди“ со струмички регистарски таблички излетал од патот а две лица веднаш кои се повредени се пренесени во струмичката болница.
Зад воланот седело 21 годишно момче со иницилаји Ф.С.од село Радово а повредена била и сопатничката Н.С. (21) од истото место.