Добивај вести на Viber
По пад од скеле денеска загина градежен работник додека работел на изградбата на новиот хотел Мериот во центарот на Скопје. Како што соопштија од полицијата, станува збот за 48-годишниот М.М. од Скопје, а скелето од кое паднал било поставено околу фасадата на хотелот во градба.
Оттаму посочуваат дека несреќата се случила околу 11.25 часот. Задега нема информации поради кои причини паднал градежниот работник и починал.
Полицијата направила увид, а на местото покрај истражните екипи присутен бил и заменик јавен обвинител.