ЗАГИНАА МЛАДИ ЛУЃЕ: Oва е најтажната слика од несреќата во Ниш
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2018
По несреќата во Ниш, каде воз по судир подели на два дела автобус, најтажната слика била кога докторот на еден од мажите им соопштува дека неговата сопруга починала за време на операцијата.
Несреќата се случила вчера околу 7.35 часот во селото Долно Меѓурово кај Ниш.
Повредените патници од автобусот биле пренесени во Клиничкиот центар во Ниш, каде многу членови од семејствата чекале вести од докторите за состојбата на нивните најблиски.
Во Ниш денеска е ден на жалост. Меѓу загинатите се 17 годишната Маријана Коциќ и 15 годишниот Алекса Димитријевиќ.
Во несреќата загинаа и Богомир Лазиќ (75), Данијела Станковиќ (48) и Наташа Јанковиќ (42).
Несреќата се случила кога патнички воз, кој во 7:14 часот тргнал од железничката станица Ниш кон Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус. Компанијата „Инфраструктура на железницата на Србија“ соопшти дека несреќата се случила на патен премин кој е обезбеден со знаци за вертикална патна сигнализација но немало рампа. Мештаните велат ова не е прв пат да се случи несреќа, и веќе со години наназад бараат железничкиот премин да се направи како што треба.