20 Декември, 2025
0.0777

Загриженост во Србија: Белград ќе мора да се согласи целосно со евросанкциите против Русија

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2015 11:16

Добивај вести на Viber

Наметнувањето санкции против Русија ќе биде задолжително за приближувањето на Србија кон Европската унија. Ова го пишува белградскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Властите во Србија, кои се стремат кон членство во ЕУ, постојано и категорично изјавувале дека нема да се приклучат кон рестриктивните мерки во однос на Русија. Како што забележува весникот, сепак, Брисел се поканува да стави цврст услов. „За да може во преговорите со ЕУ да биде отворена глава 31 за надворешната политика, владата во Белград ќе треба во многу поголема мера отколку досега, да се помири во однесувањето со Брисел. Тоа, според нашите извори, значи дека Србија треба да се приклучи кон санкциите на ЕУ против Русија“, пишува „Блиц“.

Глава 31 од преговорите е досие за - „Надворешна политика и политика на безбедност и одбрана“, има за цел целосна хармонизација на политиката на земјата-кандидат со заедничкиот став на ЕУ за овие прашања. Почетокот на преговорите на оваа глава, според изворите, е планирано за следната година.

„Одбивањето на Белград да се приклучи кон санкциите ќе биде критикувано и во извештајот за напредокот на Србија на патот кон ЕУ, кој Европската комисија ќе го објави овој месец“, наведува „Блиц“. На 22 јуни ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јануари 2016 година. Србија доби официјален статус на земја-кандидат за ЕУ ​​на 1 март 2012 година. За почеток на преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ официјално беше прогласено во јануари 2014 година, но оттогаш не е отворено ниту една поглавје од преговорите за нејзиното досие.

Во последните денови во српските медиуми има информации дека Германија и Велика Британија ќе побараат Србија да ја признае независноста на Косово и тоа ќе биде помеѓу условите за започнување на преговори за членство. „Ако Србија го признае Косово во земјата ќе има граѓанска војна. Во тоа сум апсолутно сигурен“, изјавил  српскиот претседател Томислав Николиќ во вчерашната посета на Германија.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација