ЗАКАЖИ, ОТКАЖИ: Груевски сакал да се снима судењето за „Траекторија“
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2017
Закажи, откажи си играат судовите со цел исполнување на „желбите“ на одбраната на екс премиерот Никола Груевски.
Денешното рочиште за случајот „Траекторија“ е одложено поради тоа што обвинетите побараа рочиштата да бидат снимени.
Со ова барање одбраната фактички го искористува правото што им следува на обвинетите, судењето да се снима со визеуелен и тонски запис.
Следното рочиште кога екс премиерот и останатите обвинети меѓу кои се екс министерот Миле Јанакиески и екс вицепремиерот Владимир Пешевски ќе седнат на истата обвинителна клупа е 18 декември.
Во овој случај обвинетите се гонат за оштетување на буџетот за 155 милиони евра.
Кога од СЈО го отворија случајот рекоа дека во втората половина на 2012 и 2013 осомничените презеле повеќе дејства за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што го оштетиле буџетот од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за тој износ ѝ овозможиле на компанијата изведувач да се стекне со имотна корист.