Закон за празници: Среда е неработен ден
Објавено во: Мои пари 24 Август, 2013
Празникот Голема Богородица, 28-ми август е неработен ден за верниците од православна вероисповед, соопштува Министерството за труд и социјална политика, согласно Законот за празници.
Истовремено, како што стои во соопштението, Министерството на верниците од православната вероисповед им го честита празникот.
По повод празникот во манастирот во Матка, кај Скопје, во вторник на 27 август ќе се одржи вечерна литургија, а одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Утрото во манастирот ќе се одржи света божествена литургија.
Според најавите до среда ќе завршат градежните работи на просторот пред храмот „Пресвета Богородица“ во Центар, а во моментов се изведува завршната фаза.