27 Април, 2024
0.0281

Законот за дивоградби се враќа во Собранието

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Законот за дивоградби е пред повторна собраниска процедура. 

Шефот на државата, Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти.  

Пендаровски вчера го извести спикерот Талат Џафери, дека одлучил да не го потпише Указот за прогласување на Законот, со образложение дека текстот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. 

Пендаровски е со став дека текстот на Законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес. 

Претходно, петмина пратеници од помалите политички партии, кои му припаѓаат на владејачкото мнозинство, ја алармираа јавноста и му пишаа ургентно писмо на Пендаровски, да не го потпишува Законот за легализација на дивоградбите. 

Станува збор за двајца пратеници на Либерал-демократската партија, Моника Зајкова и Боби Мојсовски, двајца пратеници од ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, како и пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. Му пишаа дека ова законско решение е во целосна спротивност со урбанистичките планови и  другите прописи. 

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал Љупчо Николовски смета дека дивоградбите кои требаше да бидат опфатени со новиот Закон за легализација не треба да се рушат оти на тој начин 50.000 граѓани ќе останеле брз покрив над главата. Николовски вели дека СДСМ и Владата ги штитат интересите на сиромашните и ранливите граѓани и затоа бил донесен Законот за легализација на бесправно изградени објекти.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“