18 Мај, 2024
0.0283

За малку судир и во Српското собрание поради случувањата во Црна Гора

Објавено во: Балкан 27 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Поради бурната седница во парламентот на Црна Гора и усвојувањето на спорниот закон за вероисповед, замалку судир ќе се случел и во собранието на Србија, јавија српските медиуми.

Како што се наведува во српското собрание денеска се случи инцидент откако пратениците на опозициското движење Двери, Бошко Обрадовиќ и Иван Костиќ, кои го бојкотираат собранието, влегоа на собраниската седница за да го изразат незадоволство поради нереагирањето на српските власти на усвојувањето на Законот за верски слободи во Црна Гора. Обрадовиќ и Костиќ се судрија со шефот на пратеничката група на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Мартиновиќ, по што следеше општ метеж.

Носејќи транспаренти „Вучиќ и Мило – браќа близнаци“ и „Србијо, зошто молчиш?“, Обрадовиќ и Костиќ застанале на собраниската говорница и ги прашале пратениците од владејачката коалиција зошто не реагираат на усвојувањето на Законот за верски слободи во Црна Гора и на апсењето на пратениците на Демократскиот фронт.

Во еден момент, шефот на парламентарната група на СНС, Александар Мартиновиќ, станал од собраниската клупа и се приближил до говорницата, на што Костиќ се испречил меѓу него и Обрадовиќ, дојде до повлекувања и лидерот на Двери го турнал Мартиновиќ.

Настанал општ метеж и туркање во кој, покрај пратениците на Двери и владејачката коалиција, учествуваше и министерот за одбрана на Србија Александар Вулин. Еден од пратениците на СНС им ги скинал транспарентите на Двери.

Првиот спикер, Маја Гојковиќ ја прекинала седницата и ги замолила пратениците да не реагират на, како што рече, „смислената провокација“ на Бошко Обрадовиќ.

Ситуацијата се смирила по неколку минути, а Обрадовиќ и Костиќ ја напуштиле собраниската сала.


Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел