Заминал на одмор па се самоубил
Објавено во: Балкан 09 Август, 2018
Четириесет годишен маж од Србија извршил самоубиство во хотелската соба во хотел во градот Сус, во Тунис.
Веста ја соопшти тамошната полиција.
Тој се обесил во хотелската соба кадешто бил сместен.
Во Сус на одмор дошол со својата сопруга, но не е познато каде се наоѓала таа за време на трагедијата.
Портпаролот на Основниот суд кажал дека телото е пренесено на обдукција во Универзитетскиот болнички центар во овој туристички град.