Започна годишната конференција на Македонска берза
Објавено во: Финансии 04 Мај, 2018
Со поздравниот говор на Иван Штериев, главниот извршен директор, денеска започна 19. годишна конференција на Македонска берза во Охрид, на која ќе учествуваат vidni гости од економско-политичкиот живот на Македонија како Драган Тевдовски, Кире Наумов, Димитар Богов, Трајко Славески и Фатмир Бесими.
На воведниот говор беше забележано дека во 2018-та МАкедонската берза забележала рекорден раст на прометот за еден квартал од 82 милиони евра промет и 16% раст на индексот.