20 Декември, 2025
0.0340

Започна потрагата по најдобриот спа центар

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2015 13:24

Добивај вести на Viber

Со претставување на номинираните хотели и спа центри, започнаа Балканските спа награди (Balkan Spa Awards).  Во трката за извор на најдобрите спа локации учествуваат објекти од Македонија, Турција, Романија, Грција, Србија, Бугарија, Косово, и Албанија. Од нашата земја се натпреваруваат вкупно 7 објекти што ги нудат овие услуги, Хотел Русија, Стоун Бриџ, Дебарски бањи, Катлановска бања, спа центар Блус, Силуете, Аурора, Александар Вила, Тренд лајн и Пирин.

Изборот на најуспешните се врши во категориите: спа дестинација, спа хотел – зимен/летен ресорт,  спа центар, спа изградба и опрема, медикал спа, спа менаџер, спа продукт и спа инвестиција.

Изборот на најдобриот спа центар е во организација на Меѓународната организација Spa Nominations.

„Спа наградите и воопшто влегувањето во самата листа со номинации е исклучително значајно за овие центри, затоа што тие веќе се в листени во нашата мрежа и со тоа по автоматизам добиваат меѓународна афирмација, популаризација и отворање на многу дополнителни можности за зголемување на стандардите и доведување до степен на виртуозност на ова хедонистичко искуство, што во извесни земји веќе стана потреба, па дури и лек. Всушност тоа и е целта на нашата организација и оваа иницијатива“, изјави Николај Диковски, Претседател на Спа номинации.

На настанот беа преставени сите номинирани објекти од осумте балкански држави од кои ќе бидат изберени финалните номинации за добитници на наградите. Изборот кој ќе се одржи во септември, повторно во Скопје го врши меѓународно жири составено од експерти од 8те балкански држави а Претседател е д-р Силвија Паскалева.

Balkan Spa Awards е патентирана марка која има за цел да ги зајакнува капацитетите на Спа индустријата од Балканскиот регион, в мрежување на инвеститорите, подигање на капацитетите на професионалните структури во секторот и да го унапредува и промовира разбирањето на културата за користење на спа услуги од корисниците.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии