Започна процесот за Фаланга 2, обвинетите се бранат дека е „местенка“
Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2013
По еден месец откако беа уапсени, започна судењето за 15-мината обвинети во случајот „Фаланга 2“, меѓу кои и поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман. Се сомничат за илегално ископување и тргување со уништувале артефакти, за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба, како и за прикривањ тешка кражба.
Обвинетите се бранеа дека не се припадници на криминална група, а тврдеа дека полицијата била информирана за нивната работа. Сооред Илче Бојчевски, раководител на одделението за превенција на културното наследство, сите активности во текот на неговата работа се правеле во согласност со полицијата. Бојчевски истакна дека 25 години гонел диви копачи, а верува дека е приведен поради тоа што имал премногу информации за акцијата Фаланга 1, но и поради тоа што јавно ја критикувал полицијата дека не презема ништо во случаите со масовните кражбите на икони во Западна Македонија. И за поранешниот директор на управата, Паско Кузман, Фаланга 2 е наместен процес, а тој се товари за злоупотреба на службената положба бидејќи нелегално дал согласност на две лица да вршат ископувања кај местото Драмски Рид во околината на Делчево и кај Катланово. Паско Кузман е во домашен притвор, а тој е 16-тиот приведени во„Фаланга 2“, и својата одбрана ќе ја даде во петок.